Top Sport

Бензема демантира конфликт со Роналдо: Не ни треба фотографија да сме пријатели

Освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема инсистира дека уште е пријател со Кристијано Роналдо, откако беше запрашан зошто не се фотографирал со Португалецот, кој беше во посета на тренингот на Реал Мадрид во Саудиска Арабија, каде што „кралевите“ денеска играаат со Барселона во Суперкупот на Шпанија.

Роналдо при посетата на својот поранешен клуб, разговараше со повеќе свои поранешни соиграчи и со тренерот Карло Анчелоти, но Бензема не беше забележан.

„Не мораме да се фотографираме да кажеме дека сме пријатели. Фотографиите се за Инстаграм или Твитер, тоа е друг свет. Немавме време да се поздравиме бидејќи јас тренирав, а потоа и тој замина на тренинг. Се надевам дека ќе се видиме на стадионот и да поразговараме“, вели Бензема.

Scroll to Top