Top Sport

Франција, сепак, пресилна за Словенците, Црна Гора подобра од Чиле

Франција, очекувано, го обезбеди првото место во групата Б на Светското првенство во Полска и Шведска, откако ги „стопираше“ Словенците со 35:31, не дозволувајќи тие да направат уште една сензација по високиот триумф над Полска.

„Триколорите“ започнаа подобро и водеа во текот на целиот меч, иако Словенија остана блиску барем до полувремето (20:18). Во второто полувреме, Франција стигна до максимални седум гола разлика, за на крајот да го запише и третиот триумф во три меча на Мундијалот. Кентин Мае и Недил Ремили ги предводеа Французите со по 7 гола, додека Алекс Влах со осум гола блесна за Словенците.

Црна Гора, пак, го визираше патот во втората рунда со втора победа, откако малку потешко од очекувањата со 35:33 беа подобри од Чиле. Во групата А, Шпанија речиси сигурно е прва бидејќи вечерва игра со аутсајдерот Иран.

СП ПОЛСКА/ШВЕДСКА
ГРУПА А
Црна Гора – Чиле 32:29 (20:18)
Иран – Шпанија 20.30 ч.
ГРУПА Б
Словенија – Франција 31:35 (14:16)
Полска – Саудиска Арабија 20.30 ч.
ГРУПА Ц
Бразил – Кабо Верде 30:28 (17:15)
Уругвај – Шведска 20.30 ч.
ГРУПА Д
Јужна Кореја – Исланд 25:38 (13:19)
Португалија – Унгарија 20.30 ч.

Scroll to Top