Португалија успеа да го освои првото место во групата Д на Светското првенство во Полска и Шведска, откако во еден неверојатен меч ја декласираа Унгарија со 27:20, за да ги прескокнат нив и Исланѓаните.
Во шокантните први 20 минути, Унгарците, кои претходно го совладаа Исланд, постигнаа само два гола, за во финишот малку да се соземат и да губат со 16:9 во првото полувреме. Иако во продолжението Унгарците го кренаа нивото на игра, разликата на Португалија едноставно беше недостижна.
Трите репрезентации (Унгарија, Исланд и Португалија) одат во следната фаза, во која ќе се судрат со Бразил, Кабо Верде и фаворитот Шведска).
Другите репрезентации немаа вакви проблеми и стигнаа до убедливи победи за потврда на првото место во својата група – Шпанија го декласираше Иран со 35:22, додека Шведска беше безмилосна против Уругвај за 47:12 триумф.
СП ПОЛСКА/ШВЕДСКА
ГРУПА А
Црна Гора – Чиле 32:29 (20:18)
Иран – Шпанија 22:35 (11:21)
ГРУПА Б
Словенија – Франција 31:35 (14:16)
Полска – Саудиска Арабија 27:24 (13:12)
ГРУПА Ц
Бразил – Кабо Верде 30:28 (17:15)
Уругвај – Шведска 47:12 (25:8)
ГРУПА Д
Јужна Кореја – Исланд 25:38 (13:19)
Португалија – Унгарија (16:9)