Top Sport

Италијанската тенисерка демантираше дека земала лажна потврда за вакцина за Ковид-19

Италијанската тенисерка Камила Џорџи ги отфрли обвинувањата дека добила лажна потврда за вакцинација за да може да патува ширум светот и да игра на тениските турнири.

Нејзиното име се најде на списокот по истрагата во Италија дека лекарка издала лажни документи за добиените вакцини.

„Немам никаков проблем. Ја посетив и ја примив вакцината. Таа има проблеми, не јас. Направив се што требаше“, вели Џорџи.

Италијанката истакнува дека ова е само една од вакцините што ги примила.

„Примав вакцини на разни места, па да сакав да излажам, немаше да го направам тоа“, објасни Џорџи, која по победата во првото коло против Анастасија Пављученко, не доби никакво прашање за тенисот.

Се огласи и Крег Тајли, директорот на турнирот.

„Навистина не ги знам деталите и не би навлегувал понатаму во приказната. Тоа секако не влијае на нејзиното учество на Австралија опен“, истакна Тајли.

Scroll to Top