Реал Мадрид загуби со 3:1 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп, а медиумите по натпреварот пишуваа за нарушена атмосфера во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа, Најновата вест е дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти, отпишал четворица играчи.
„Марка“ тврди дека тоа се десниот бек Алваро Одриозола (27), стоперот Хесус Ваљехо (26), напаѓачот Еден Азар (32) и напаѓачот Маријано Дијаз (29).
Станува збор за играчи кои Италијанецот речиси и не ги користи на натпреварите на Реал Мадрид и сака да се обиде да се ослободи од нив веќе во зимскиот преоден рок.
Одриозола оваа сезона одигра 51 минута откако се врати од позајмица во Фиорентина и е целосно во сенка на Дани Карвахал и на Лукас Васкез. Ваљехо исто така не може да игра покрај жестоката конкуренција во одбраната и оваа сезона одигра само 56 минути.
Реал Мадрид нема веќе трпение и за Еден Азар. Белгискиот ас оваа сезона одигра 621 минута и е далеку од идеална физичка форма. Маријано Дијаз оваа сезона одигра 25 минути под водство на Анчелоти, најмалку од наведените играчи.