Top Sport

Кејлор Навас доаѓа кај Роналдо во Ал-Наср?

Кејлор Навас наскоро би можел да се пресели во Ал-Наср и да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.

Капитенот на репрезентацијата на Костарика има 36 години и договор со ПСЖ до 2024 година. Сепак, тој моментно е резерва на Џанлуиџи Донарума и веројатно клубот не би му правел проблеми доколку сака да си замине.

Давид Оспина, првиот голман на саудискиот клуб, во моментов е повреден и на негово место би можел да дојде Кејлор Навас.

Реализацијата на трансферот би можела да биде договорена деновиве, бидејќи шампионот на Франција на 19. јануари гостува во Саудиска Арабија, каде ќе одигра натпревар против екипата составена од играчи на Ал-Наср и Ал-Хилал, најдобрите клубови од оваа земја.

Навас и Роналдо играа заедно во златниот период на Реал Мадрид и заедно освоија четири трофеи во Лигата на шампионите.

Scroll to Top