Top Sport

Марота: Интер нема да прави никакви трампи со Барселона

Директорот на Интер, Џузепе Бепе Марота тврди дека неговиот клуб не планира никакви „трампи“ со Барселона, ставајќи крај на шпекулациите кои ги споменуваа Марцело Брозовиќ, Хоакин Кореа, Франк Кеси и Мемфис Депај.

Шпанските медиуми тврдеа дека Интер разгледува неколку опции за размена со Барселона, во прв план обидот на каталонскиот клуб да го добие Брозовиќ, нудејќи го Кеси или Депај. Интер имаат ограничени ресурси за засилувања во јануари, но Марота за „Мундо депортиво“ отфрли било каква шанса за размена на играчи со Барселона.

Интер и Милан ќе играат во Суперкопа Италијана во Ријад, Саудиска Арабија во среда.

Scroll to Top