Top Sport

Ѓоковиќ благодарен за херојскиот пречек во Мелбурн

Една година откако не му беше дозволено да настапи на турнирот и беше депортиран од Австралија, Новак Ѓоковиќ доби херојски пречек на терените на Австралија опен, враќајќи со лесна 6:3/6:4/6:0 победа над Роберто Карбалјес Баења.

При влегувањето на теренот, деветкратниот шампион доби овации од публиката, а очигледно дека и тие и Ѓоковиќ беа подготвени да се заборави минатогодишнат епизода во една од најскандалозните одлуки во историјата на овој тениски турнир.

„Неверојатна атмосфера, ви благодарам што останавте. Ви благодарам што ми дадовте такво добредојде за какво што можев само да сонував. Се чувствувам пресреќно во Австралија и на овој терен. Не би можел да посакам подобар почеток“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top