Top Sport

Австралија опен ги забрани руските и белоруските знамињ

Организаторите на Австралија опен одлучија целосно да забранат внесување на руски и белоруски знамиња на гренд слем турнирот, по барање на украинскиот амбасадор во Австралија, Василиј Мирошниченко.

„Нашата првична политика беше фановите да можат да носат знамиња, но дека не можат да ги користат за да предизвикаат прекини. Вчера имаше инцидент во кој знаме беше поставено покрај теренот и затоа мораме да реагираме нашите фанови и тенисери да имаат услови да уживаат во тенисот“, се вели во објавата на Австралиската тениска федерација.

Едно руско знаме беше поставено на меот помеѓу Русинката Камил Рахимова и Украинката Катерина Бајндл на Теренот број 14 во понеделникот, а друго беше дадено на Данил Медведев за автограм на „Род Лејвер арената“.

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка вели дека би сакала спортот да е одвоен од политиката.

„Мислам ако навистина сите се чувствуваат подобро така, тогаш е океј. Јас немам контрола на тоа. Што да кажам? Го направија тоа. Нема знамиња? Нема знамиња“, вели Сабаленка.

Scroll to Top