Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас синоќа за првпат ја носеше капитенската лента на Наполи на куп-натпреварот против Кремонезе. Тој стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи после легендарниот Лоренцо Инсиње. Елмас ја доби лентата од тренерот Лучијано Спалети на 23-годишна возраст.
Инсиње исто така на 23 години првпат ја носеше капитенската лента на Наполи, но неколку месеци беше помлад од Елмас.
Наполи на крајот доживеа елиминација на пенали од Кремонезе, откако мечот во регуларниот тек заврши 2:2, а немаше погодоци во продолженијата.
Елмас беше повлечен од игра во 85.минута, а само две минути подоцна Кремонезе го постигна вториот гол за израмнување на 2:2.