Top Sport

Ига Швјонтек експресно се пласира во следната рунда од Австралија опен

Светската тенисерка број еден, Полјачката Ига Швјонтек се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако со 2:0 (6:2, 6:3) ја совлада Камила Осорио од Колумбија. Швјонтек го доби за еден час и 25 минути.

Таа шест пати го одзеде сервисот на противничката, кој направи три брејка, вклучувајќи го и оној во седмиот гем од вториот сет кога Швјонтек првпат сервираше за мечот.

Актуелната шампионка на Ролан Гарос и на УС Опен во третото коло ќе игра против победничката од дуелот меѓу Канаѓанката Бјанка Андрееску и Кристина Буча од Шпанија.

Во третото коло се пласираа и Марија Сакари и Џесика Пегула.

Грчката тенисерка Марија Сакари ја победи Русинката Дијана Шнајдер по три сета, 3:6, 7:5, 6:3. Сакари ќе игра против победничката од дуелот меѓу Швајцарката Жил Тајхман и Кинезот Лин Жу.

Пегула беше подобра од Белорусинката Аликсандра Саснович со 6:2, 7:6. Украинката Анхелина Калинина победи во второто коло против Петра Квитова од Чешка со 7:5, 6:4.

Scroll to Top