Top Sport

Шумахер, сепак, не се сели во Шпанија

Менаџерот на Михаел Шумахер, Сабине Кем официјално ги отфрли шпекулациите дека седумкратниот светски шампион ќе биде преселен со неговото семејство во Мајорка, Шпанија.

Швајцарскиот магазин „Л’Илустр“ го цитираше градоначалникот на малото елитно градче Андрач на Мајорка дека семејството Шумахер ја купило хациендата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и дека Шуми, кој во 2013 година имаше страшна несреќа на скијање и остана со сериозни повреди на мозокот наскоро ќе пристигне таму.

„Семејството Шумахер не планира да се пресели на Мајорка“, изјави Кем за „Билд“, демантирајќи ги гласините.

Според „Билд“, куќата купена за 30 милиони евра, најверојатно ќе служи како „викендичка“ за семејството на Шумахер, посочувајќи дека преселба во Шпанија ќе значи огромна сума која ќе мораат да ја плаќаат како данок.

Шумахер не е виден во јавноста од инцидентот во декември 2013 година и семејството дава многу малку информации за возачот кој освои 91 ГП трки и седум светски титули.

Семејството го сели Шумахер на Мајорка

Scroll to Top