Поранешниот светски рекет број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј успеа да се врати од два сета негатива за луда 4:6/6:7(4)/7:6(5)/6:3/7:5 победа над Танаси Кокинакис во второто коло на Австралија опен, во меч кој траеше речиси шест часа (5:45 поточно) и заврши по 4 часот наутро на терените во Мелбурн.
Во меч кој сигурно ќе се памети, 35-годишниот Мареј, кој да потсетиме игра со „метален“ колк по операцијата пред неколку години, не се предаде до крај иако и во првото коло играше пет часа, и успеа да се врати од два сета негатива против домашниот фаворит.
По победата во најдолгиот меч во неговата богата кариера, Мареј ќе игра со 24. носител на гренд слемот, Роберто Баутиста Агут во третото коло.
Andy Murray has won! Get in there my son!#AusOpen #AustralianOpen #AusOpen2023 pic.twitter.com/Qp5a3jmPFz
— johnnymac (@mr_johnny_mac) January 19, 2023