Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна фантастичен хет-трик за тимот каде што е капитен, АЕК Ларнака од Кипар да го „здроби“ Штурм Грац со 5:0 и да се пласира во баражот за пласман во Лига Европа.
АЕК имаше предност и од првиот меч од 2:0 од гостувањето во Австрија, каде што Тричковски постигна гол, но на гостувањето на Кипар австрискиот тим доживеа вистинска катастрофа.
Ова е веќе шести гол во Европа за Тричковски ова лето – тој постигна два гола против Дандалк, и уште еден против Штурм.
АЕК за влез во Лига Европа ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Феенорд и Тренчин, откако на првиот меч во Словачка, Тренчин со 4:0 го понижи поранешниот европски шампион.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Алмати (Каз) – Сигма Оломоуц (Чеш) 1:2, прв натпревар 0:2, вкупно 1:4
Прогрес Нидеркорн (Лук) – Уфа (Рус) 2:2, прв натпревар 1:2, вкупно 3:4
АЕК Ларнака (Кип) – Штурм Грац (Авт) 5:0, прв натпревар 2:0, вкупно 7:0