Норвешкиот скијaчки ас, Александер Омод Килде, 24 часа откако избегна страшен пад на Штрајф, стигна до фантастична победа на спустот во Кицбил, Австрија, докажувајќи уште еднаш дека е најдобриот брзински скијач на денешницата.
30-годишниот Килде, кому ова му е седма победа оваа сезона и вкупно 30-та во кариерата, во саботата го делеа милиметри од голема несреќа на истата патека, грешка која го чинеше победа и топ 10 пласман.
NUMERO PAZZESCO DI KILDE! 🤯🤯🤯
Il norvegese sulla Streif evita le reti con un miracolo 😳😳😳#EurosportSCI | #FISAlpine | #Streif | #Kitzbuehel | #Kilde pic.twitter.com/ZatCSMKa5C
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 20, 2023
Но, во саботата, со стартен број 14, Килде беше импресивен, победувајќи го Французинот Јохан Кларе за 0.67 секунди, додека Американецот Тревис Генонг беше трет со 0.95 секунди. Топ 5 на спустот на кој имаше десетина илјади посетители (вклучувајќи го и Арнолд Шварценегер), го комплетираа Италијанецот Матија Касе (0.99) и вчерашниот победник, домашниот фаворит Винсент Крихмаер.
Килде останува убедлив лидер во дисциплината со 620 поени, пред Крихмаер со 464 и Швајцарецот Марко Одермат, кој не настапи поради повреда. Во трката за големиот глобус, Одермат има 1.186 поени, Килде е втор со 961.
Кицбил беше емотивна трка за поранешниот олимписки и светски шампион во дисциплината, Швајцарецот Беат Фојц, кој со стартен број 217 (по бројот на негови трки) ја заврши блескавата кариера со пласман на 16. место.
Danke @BeatFeuz! #Kitzbühel #Hahnenkammrennen #fisalpine #Downhill #Streif #Hahnenkamm @swissskiteam @swissteam pic.twitter.com/E3zKhTAYPC
— Michael (@mz_storymakers) January 21, 2023