Top Sport

Крај за шкотскиот „Брејвхарт“! Мареј поразен од Баутиста по вкупно 14 часа на терените во Мелбурн

Трикратниот гренд слем шампион, шкотскиот ас Енди Мареј го заврши исцрпувачкиот настап на Австралија опен со пораз во третото коло од Шпанецот Роберто Баутист Агут. 35-годишниот Мареј, кој да потсетиме игра тенис со вештачки колк, веќе одигра два маратонски мечеви во Мелбурн, каде што двапати стигна до финалето.

Овојпат, мечот траеше „само“ 3 и пол часа, и на крајот Баутиста стигна до 6:1/6:7(7)/6:3/6:4 победа на „Маргарет Корт“ арената. Со ова, Мареј вкупно помина над 14 часа на терените, откако во првото коло го победи во пет сета Матео Беретини со 6:3/6:3/4:6/6:7(7)/7:6(6), а во второто помина повеќе под 5 и пол часа на теренот во меч кој заврши во 4 часот наутро по локално време за 4:6/6:7(4)/7:6(5)/6:3/7:5 победа над Танаси Кокинакис.

Scroll to Top