Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Але очекува да се врати во бундеслигашкиот фудбал со посебни копачки на кои има кратка и јасна порака: „Е.и го ракот“.
Се очекува репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска да биде дел од тимот на Дортмунд за неделниот дуел со Аугзбург, што може да биде прв официјален настап за Але за клубот по трансферот во текот на летото од Ајакс.
На Але му се слошило тренинзите пред сезоната, по што на лекарските прегледи му беше пронајден тумор на тестисите. По повеќе тури хемотерапија и две операции тој се врати во пријателски меч со три гола и сега очекува да добие прва шанса од Един Терзиќ во меч од Бундеслигата во дресот на „милионерите“.