Top Sport

Барселона го обнови интересот за Марко Асенсио

Барселона го обнови интересот за играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, тврди каталонски „Спорт“. Според овој извор клубот стапил во контакт со менаџерот Жорге Мендеш. Тренерот, Чави, како што пишува „Спорт“, бил многу заинтересиран за 27. годишниот крилен напаѓач.

Договорот на Асенсио истекува на лето, што значи дека Барселона би можела да го доведе без обештетување, што многу им одговара со оглед на лошата финансиска состојба.

„Спорт“, пишува дека се уште нема договор, но дека опцијата кариерата да ја продолжи во Барселона е многу интересна за Асенсио.

Во 2014 година тој за малку ќе завршеше во Барселона, но Каталонците не сакаа да му платат четири милиони евра за неговите услуги. Тоа го направи Реал кој го донесе како 19. годишник. Асенсио досега има 257 настапи, 52 гола, 29 асистенции и три титули на Шпанија и Лигата на шампионите.

Во својата прва сезона во Реал, тој стана рекордер на клубот со постигнување голови на деби во секое од петте натпреварувања што Реал ги играше во неговата прва сезона во клубот, првенството, Купот на кралот, Лигата на шампионите, шпанскиот Суперкуп и Суперкупот на УЕФА.

Scroll to Top