Поранешниот селектор на Португалија, Фернандо Сантош (68), наскоро ќе седне на клупата на селекцијата на Полска. Сантош се раздели со Португалија откако не испадна во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.
Челниците на Фудбалскиот сојуз на Полска настапот на националниот тим во Катар го оценија како неуспешен. Поради тоа решија да не го продолжат договор со Чеслав Микневич. Полска во Катар заврши на второто место во групата со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија, а во осминафиналето беше елиминирана од Франција со резултат 1:3.
Фернандо Сантош седеше на португалската клупа од 2014 година. Две години подоцна го оствари најголемиот успех во историјата на Португалија, кога во 2016 година фудбалерите станаа европски шампиони.
Покрај Португалија, Сантош, бил и селектор на Грција (2010-2014). На клупски план работел во Ешторил, Амадора, Порто, АЕК Атина, Панатинаикос, Спортинг Лисабон, Бенфика и ПАОК.
Според медиумите Сантош ќе потпише договор до 2026 година.