Поранешниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа ќе се врати во боксерскиот ринг во „О2 Арената“ во Лондон во април против Американецот Џермејн Френклин, во обид да ја врати кариерата на вистински пат по двата тешки порази од Олександер Усик.
Џошуа ги загуби ВБА, ВБО и ИБФ појасите од Усик во септември 2021 година, пред уште еднаш да загуби од Укринцот во август 2022. Потоа, тој преговараше со Тајсон Фјури за британска пресметка, но двајцата не успеаја да се договорат околу финансиските детали.
Последен меч на Френклин беше дуелот со Дилијан Вајт во ноември 2022 година, кога загуби на поени во 12 рунди на „Вембли“ и се жалеше на скандалозната одлука на судиите. И покрај тоа, тој има импресивен скор од 21-1 во професионалните мечеви.