Орландо Меџик ја прекина победничката низа на најдобриот тим во НБА лигата, Бостон Селтикс. Изминатата ноќ, на паркетот се вратија Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон. Во дербито на Западот, Сакраменто славеа победа на д Мемфис.
Милвоки Бакс го декласираа Детроит со 150:130. Милвоки во првата четвртина постигнаа 49 поени.
Адетокубмо пропушти пет натпревари, а во првата четвртина постигна 20 од вкупно 29 поени. Тој додаде и 12 скока и четири асистенции.
Одлична партија на другата страна имаше Бојан Богдановиќ кој за 27 минути постигна 33 поени со три скока и една украдена топка.
Орландо Меџик со 113.98 славеа во дуелот со Бостон. За Селтикс ова е прв пораз по серијата од девет победи. И покрај поразот тие се први во лигата.
Паоло Банчеро беше најдобар во тимот на Орландо, постигна 23 поени, Вендел Картер Јуниор додаде 21, а Кол Ентони додаде 18.
За Селтикси, Џејсон Тејтум и Џејлин Браун постигнаа по 26 поени.
Во дербито на Западот, Сакраменто го декласираа мемфис со 133.100. Сакраменто ја запишаа седмата победа на последните осум натпревари. Во победничкиот тим Треј Лајлс постигна 24 поени, Харисон Барнс и Киган Мареј по 20, додека Де’Арон Фокс постигна 17 поени.
Кај Мемфис најефикасен беше Дезмонд Бејн со 21 поен, додека Џерен Џексон Јуниор постигна 19.