Челси нема да има проблем да расипе уште еден трансфер на ривал од Премеиерлигата, откако „Телеграф“ објави дека „сините“ се подготвени да им го „украдат“ на Ливерпул, Матеуш Нунеш од Вулверхемптон.
24-годишниот Португалец пристигна на „Молињу“ во текот на летото во договор од 38 милони фунти, потпишувајќи петгодишен договор, и оттогаш има 17 настапи за „волците“, предизвикувајќи ги Ливерпул, кои се очекува дека ќе дадат понуда на крајот на сезоната. Нунеш е еден од долгата листа на играчи од средниот ред за кои Челси се заинтересирани, покрај Деклан Рајс, Мозес Каиседо и Енцо Фернандез.
Челси веќе им го „украдоа“ украинскиот талент Михајло Мудрик на Арсенал, кога се веруваше дека „топчиите“ се блиску до неговиот потпис.