Top Sport

Мејар со голема победа на ноќниот велеслалом во Шладминг

Швајцарскиот специјалист за технички трки, Лоик Мејар покажа дека е во одлична форма пред Светското првенство, откако стигна до убедлива победа на ноќниот велеслалом во австрискиот Шладминг, негова втора победа во кариерата.

26-годишниот Мејар, кој беше најбрз во првото возење под рефлектори, ја заддржа предноста и победи со 2:18:77, а 0.59 секунди пред неговиот швајцарски сонародник, Џино Кавециел, додека третото место остана за австрискиот фаворит, Марко Шварц, а топ 5 ги комплетираа Норвежаните, Алекс Стин Остен и Хенрик Кристоферсен.

Сонародникот на Мејар, Марко Одермат, ја прескокна трката поради повреда, но останува лидер во велеслалом со 460 поени, пред Кристоферсен со 390 и Словенецот Жан Крањец со 360 поени. Одермат останува лидер и во трката за големиот кристал со 1.186 поени, пред Норвежанецот Александер Омод Килде со 993 и Кристоферсен со 779 поени.

Scroll to Top