Претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис тврди дека Ливерпул и Рома имаат еден сопственик, оценувајќи дека има необична поврзаност на двата тима по уште едно лето во кое Ливерпул купуваа од Рома.
Филмскиот продуцент Де Лаурентис, вели дека неговиот клуб направил понуда за голманот на Рома, Алисон, пред тој да замине во Ливерпул за тогаш рекордни 67 милиони фунти. Ова беше втор фудбалер кој од Рома замина за Ливерпул по продажбата на Мохамед Салах (за кого платија 36 милиони фунти).
Двата клуба во моментов се во американски раце – Џејмс Палота е претседател на Рома, а Џон Хенри и неговата „Фенвеј спортс групација“ го контролира Ливерпул, и Де Лаурентис вели дека УЕФА мора да провери кои се сопствениците.
„Рома беа растурени и повторно составени. Јас не би го продал Алисон ни за 100 милиони. Им понудив 60 милиони евра, и тие не сакаа да го дадат, и тогаш отиде во Ливерпул. Секогаш се сомневав дека вистинскиот сопственик на Ливерпул е тој и на Рома. Мала птичка ми го кажа тоа пред неколку години. Ако тоа е вистина, тогаш двата клуба не можат во Лигата на шампионите“, изјави Де Лаурентис за „Кориере дело спорт“.