Во ноќта помеѓу петокот и саботата во НБА лигата се одиграа пет натпревари, а победи забележаа Милвоки, Минесота, Мајами, Оклахома и Голден Стејт. Само Милвоки славеше на гостински терен. Бакс забележаа победа од 141:131 (45:30, 40:26, 29:43, 27:32) над Индијана.
Милвоки одигра практично совршено прво полувреме и на паузаta водеше со 85:56. Најдобар кај Милвоки беше Jанис Адетокумбо со 41 поен, 12 скока и шест асистенции. Холидеј додаде 20 поени со девет скока и асистенции, Мидлтин имаше 17, Лопез 15, Конатон 14 поени, Ален 13, а Картер 12.
Кај Индијана, Мајлс Тарнер постигна со 24 поени, Хилд постигна два помалку, Матурин го следеше со 21.
Минесота на својот паркет го совлада Мемфис со 111:100 (38:31, 24:22, 25:24, 24:23), предводена од Ентони Едвардс кој постигна 25 поени. Андерсон додаде 23, Расел 19, а Најт десет. На другата страна се истакнаа Морант со 27 поени, десет скока и 11 асистенции.
Мајами го совлада Орландо со 110:105 (26:31, 24:28, 23:20, 37:26). Кај Хит најдобри беа Батлер со 29 поени, Адебајо со 20, Струс со 17 и Мартин со 13, Винсент со 11 и Херо со десет. На другата страна Ентони, Банчеро и Вагнер постигнаа по 19 поени, Картер даде 16, а Фулц десет.
Оклахома беше подобра од Кливленд и победи со 112:100 (27:25, 20:29, 31:24, 34:22). Во победничкиот тим најефикасни беа Шеј Гилџис-Александер со 35 поени и осум асистенции, Кливленд го предводеше Гарланд постигна 31 поен со 13 асистенции.
Како домаќин славеше и Голден Стејт против Торонто со резултат 129:117 (34:36, 29:26, 35:32, 31:23). Стеф Кари во победата забележа 35 поени со 11 асистенции и седум скока. Томпсон додаде 29 поени со осум украдени топки. Куминга застана на 15 поени, Дивиченцо додаде 12 со 11 асистенции, а Луни имаше 12 поени со осум скокачи. Грин постигна десет поени.