Капитенот на Тотенхем и на англиската фудбалска репрeзентација Хари Кејн е желба на Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат повеќе од 300 милиони евра за да го реализираат евентуалниот трансфер следното лето, пишува британските медиуми.
Напаѓачот на Тотенхем има договор со клубот до летото 2024 година.
Неговото заминување од Тотенхем е честа тема во медиумите последниве години, а особено што тој во неколку наврати изјавуваше дека сака да освојува трофеи, што не му успева со актуелниот клуб.
Манчестер Јунајтед е најчестата дестинација со која е поврзуван англискиот репрезентативец. Дел од британските медиуми го поврзуваат и со Баерн Минхен. Кејн од новиот клуб би барал плата од речиси 400.000 евра неделно.