Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром забележа уште еден убедлив пораз во АБА лигата откако загуби со 103:85 од Студентски Центар. Одбраната повторно не беше на потребно ниво, а кошаркарите на МЗТ ја добија единствено последната четвртина кога поразот веќе беше очигледен.
Тренерот Драган Николиќ вели дека не може да ги убеди кошаркарите дека имаат многу поголем квалитет од тоа што го прикажуваат на натпреварите.
„Уште пред сезоната го гледав Студентскиот центар како еден од потенцијалните учесници на плејофот. Кога сме кај нас, јас секогаш тргнувам од себе. Жал ми е што не можам да ги убедам играчите да веруваат дека можеме многу подобро“, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.