Челниците на Рома, како и тренерот Жозе Мурињо, мака мачат со напаѓачот Николо Заниоло кој сака да си замине од „Олимпико“, а сега по неговиот пример тргнува и дефанзивецот Крис Смолинг. Англискиот дефанзивец дознал за интересот на неколку клубови од Италија, меѓу кои водечки е Интер и решил да направи радикален потег. Сака да си замине од „Олимпико“.
Смолинг пристигна во Рома летото 2019 година од Манчестер Јунајтед, а сега влезе во последните шест месеци од договорот со римскиот клуб.
Иако доби понуда да ја продолжи соработката за уште една година, тој ја одби, и јасно изјави дека не планира кариерата да ја продолжи во Рома.
Според италијанските медиуми, челниците на Рома решиле да играат на „сѐ или ништо“, а на Смолинг му порачале дека мора официјално да побара трансфер или да потпише нов договор со клубот.