Кристијано Роналдо неодамна го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот. Саудискиот клуб Ал-Наср ќе му плаќа 200 милиони евра по сезона во следните две и пол години, но според зборовите на тренерот на тимот Руди Гарсија, легендарниот Португалец нема да ја заврши кариерата во овој клуб.
„Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Дефинитивно нема да ја заврши кариерата во Ал-Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа”, изјави тренерот на саудискиот клуб, Руди Гарсија.
Францускиот стручњак е убеден дека Кристијано ќе се врати во Европа и покрај тоа што за неколку дена ќе го прослави својот 38. роденден.
Сепак, прашање е кој би можел да одговори на условите што сега ги заработува португалската ѕвезда. Договорот што го има 37-годишниот Португалец со Ал-Наср е нешто што не се памети во светот на фудбалот.