Швајцарецот Марко Одермат победи и во вториот супервелеслалом во италијанскиот зимски центар Кортина Д’Ампецо од Светскиот куп во алпско скијање. За 25-годишниот Одермат, кој минатата сезона го освои Големиот кристален глобус и Малиот светски куп во велеслалом, тоа беше 19. победа во кариерата и осма оваа сезона.
Денеска заврши со време од 1:25,13 минути, откако вчера повторно беше најбрз на истата патека.
Доминик Пари (Италија) заврши на второто место со 76 стотинки задоцнување, а Даниел Хеметсбергер (Австрија) беше третопласиран со заостанување од 1,03 секунди по Одермат.
Норвежанецот Александар Омод Килде, кој вчера беше второпласиран, денеска не ја заврши трката.
Со својата втора победа во Кортина Д’Ампецо, Одермат ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман на Светскиот куп. Сега има 1.386 бодови, 313 повеќе од второпласираниот Килде, а на третата позиција е уште еден Норвежанец, Хенрик Кристоферсен со 779 поени.