Top Sport

Калин Ивановски го загуби финалето во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски доживеа пораз во финалето на турнирот во тунискиот град Монастир. Тој загуби на драматчен начин со 1:2 во сетови (6:3, 3:6, 6:7) од домашниот тенисер Моез Ечаргул и не успеа до првиот трофеј во 2023 година.

Македонскиот тенисер одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6:3 во гемови. Но, потоа имаше пад во играта и му дозволи на ривалот да возврати на идентичен начин, со 3:6 во гемови во вториот сет.

Голема битка имаше во третиот сет кој се решаваше во тај-брејк, а на крајот победи Тунижанецот Моез Ечаргул.

Scroll to Top