Брајтон оваа сезона е „кобен“ за Ливерпул. Го покажа тоа и на денешниот дуел од ФА купот на Англија. Со триумф под 2:1, Брајтон ги елиминира „црвените“ и се пласира во осминафиналето од ова натпреварување.
Харви Елиот во 30.минута донесе водство за Ливерпул, но израмни Луис Данк девет минути подоцна.
Во судиското продолжение од мечот, Митома постигна прекрасен гол и донесе триумф за Брајтон и пласман во следната рунда од ФА купот.