Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, за првпат од 2016 година пропушти меч од Ла Лига. Тој не се најде во тимот на Атлетик Билбао на дуелот против Селта, кој се игра во овие моменти.
Заврши импресивната серија од 251 натпревар во Ла Лига, а Ињаки Вилијамс е надвор од терените поради повреда на мускулот.
Последен пат тој не играше на 7 април 2016 година против Малага, пред точно шест години и девет месеци, односно 2.489 дена!
На нереалната серија и дојде крајот, а тој дефинитивно ќе остане запаметен како еден од „челичните“ момчиња во својот тим, но и во шпанскиот фудбал.