Не е ништо ново кога Данците стануваат светски шампиони во ракомет. Тоа го направија во саботата вечерта по трет пат по ред совладувајќи ја Франција (34:29). По финалето беа доделени и индивидуални награди на играчите.
Десниот бек на данската репрезентација Матијас Гидсел е најдобар играч на првенството, а воедно е и најдобар стрелец. На ова светско првенство 60 пати ги тресеше мрежите на своите ривали!
Меѓународната ракометна федерација го избра идеалниот состав за првенството. Го сочинуваат левиот бек Симон Питлик, левото крило Анхел Фернандез, централниот бек Недим Ремили, пивотменот Лудовик Фабрегас, десниот бек Алекс Дујшебаев, десното крило Никлас Екберг и Андреас Волф на голот.
За најдобар млад играч на првенството е избран Јури Нор од германската репрезентација.