Јувентус по неочекуваниот пораз од Монца (0:2) падна на 12. место во Серија А, Поради финансиска измама на Јувентус му беа одземени 15 бода во Серија А и тимот од Торино е далеку од борбата за Лигата на шампионите.
„Мораме да освојуваме бодови за да се осигураме дека ќе останеме во Серија А. Ситуацијата се преврте наопаку, но ова е реалноста во моментов и треба да ја препознаеме, во спротивно ќе заврши лошо за нас“, изјави тренер Масимилијано Алегри по поразот од Монца и додаде.
„Мораме да бидеме свесни за позицијата што ја имаме на табелата во моментов, а не да размислуваме за освоените 38 бода. Сега имаме 23 бода и мора да се однесуваме така. Секој натпревар е одлучувачки, мораме што поскоро да излеземе од овој вител. Имаме еден бод од последните три натпревари, тоа не смее да ни се случува. Досега бевме непоразени на домашен терен“.