Италијанскиот второлигаш СПАЛ го претстави своето ново засилување, белгискиот ветеран Раџа Наинголан со интересно видео поврзано со популарната видео-игра, Fruit Ninja.
На Наинголан во СПАЛ ќе му биде тренер неговиот поранешен соиграч од Рома, Даниеле де Роси, а бидејќи прекарот му е „Нинџа“, презентацијата е прикладна. Наинголан, кој претходно играше и во Пјаченца, Каљари и Интер, има договор до 30 јуни со автоматско продолжување на уште една сезона, ако се остварат одредени услови.
⚪️🥷🔵#ForzaSPAL #ALLASPAL pic.twitter.com/UjJszigTao
— SPAL (@spalferrara) January 30, 2023