Единствениот американски Формула 1 тим, Хас го претстави својот нов болид за 2023 под кодно име ВФ23, со кое се надеваат дека и оваа сезона ќе успеат да изненадат многумина исто како во 2022.
Хас го заддржаа Данецот Кевин Магнусен како возач и во 2023, но на местото на синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер доаѓа уште еден повратник во спортот, Германецот Нико Хилкенберг. Мик Шумахер премина во поранешниот тим на неговиот татко, Мерцедес, каде што ќе биде резервен возач.
Новата сезона во Ф1 започнува на 5 март во Бахреин, а претходно во март не очекува почетокот на зимските тестирања, каде што ќе треба да се види почетната форма на сите тимови.
Meet @HaasF1Team's VF23 livery for the 2023 season 🤩✨ #F1 pic.twitter.com/r6LfIvXXp9
— Formula 1 (@F1) January 31, 2023