Top Sport

Мудрик се извини што пееше рап-песна со расистички зборови

Новото крило наа Челси, Михајло Мудрик се извини откако беше објавено видео на кое тој седи во автомобил и пее песна со расистички зборови.

Мудрик, кој дојде на „Стемфорд Бриџ“ од Шахтјор Доњецк за 89 милиони фунти, на камера ги повторуваше стиховите од песна на американскиот рапер Lil Babyod 2017 година, во кој неколку пати се повторува зборот „n.gger“. Неговиот претставник прати извинување преку социјалните мрежи за видеото објавено минатиот јули.

„Иако неговата намера беше само да ги поворува текстовите од песната, Михајло жали за ова видео, кое е отстрането“, се вели во објавата.

Scroll to Top