Top Sport

И покрај бизарниот автогол на Мавропанос, Штутгарт се „извлече“ во купот

На Штутгарт им беа потребни два гола во финишот на мечот за да извлечат 1:2 победа кај второлигашот Падерборн за пласман во четврт-финалето на германскиот ДФБ куп, поништувајќи го бизарниот автогол на Костас Мавропанос.

Мавропанос, кој игра во Штутгарт како позајмен играч од Арсенал, во третата минута од мечот, обидувајќи се да ја врати топката на својот голман си постигна автогол од 40-тина метри. Штутгарт не успеваа да стигнат до голот на второлигашот до 86. минута, кога Жил Дијас израмни, за во 95. минута од мечот, Серху Гираси да стрела за пласман во четврт-финалето.

Scroll to Top