ПСЖ ги обвини Челзи, Премиерлигата и француската Лига 1 за пропаднатиот трансфер на Хаким Зијеш. Клубот поднесе жалба до Лига 1, но истата беше одбиена. ПСЖ нема да може да го регистрира Зијеш.
Целата драма се одвиваше во последните часови од преодниот рок.
Зијеш ги минал лекарските прегледи, се фотографираше во дресот на новиот клуб, но на крајот мора да се врати во Лондон.
Челси најпрвин испратиле погрешен документ, а потоа два пати документот го испратиле на погрешна адреса, во Лига 1 наместо во ПСЖ.
Трансферот на Мароканецот не е ниту прв ниту последен што пропадна бидејќи клубовите чекаа до последните часови од последниот ден од преодниот рок. Давид де Геа веројатно најдобро знае како се чувствува Зијеш во моментов.