Животот на триесетгодишниот шпански фудбалер Жорди Амат се преврте наопаку за само една година. Минатата година зеде индонезиско државјанство благодарение на неговата баба, која има корени од таа земја. Во тој процес, тој дознал дека има статус принц на островот Сиау.
Амат на тој начин го добил островот и милионско богатство, без воопшто да знае со што располага.
Роден е на периферијата на Барселона, а неговите родители се од Каталонија. Меѓутоа, неговата баба е од островот Сиау во Индонезија.
Станува збор за остров со површина од околу 160 квадратни километри. Според последниот попис, таму живеат нешто повеќе од 45.000 луѓе.
View this post on Instagram
„Знаев дека постои можност да земам индонезиско државјанство поради баба ми, а тоа секогаш ми беше интересно поради нејзините приказни“, вели Амат во интервју за „Марка“.
На крајот се испоставило дека неговата баба била во роднинска врска со кралот на Индонезија, а неговиот прадедо бил владетел на тој остров.
Островот сега во најголем дел е во рацета на Амат, кој на тој начин, неочекувано, доби голема одговорност.
Амат во својата кариера настапуваше за Еспањол, Рајо Ваљекано, Свонси, Реал Бетис и Еупен, а моментално игра за Јохор Дарул Тазим во Малезија.
Покрај тоа, Амат дебитираше за Индонезија и веќе одигра четири натпревари за репрезентацијата на неговата нова татковина.