Кристијано Роналдо буквално „полудел“ кога Лионел Меси со Аргентина ја освои светската титула во Катар. Ова го откри неговата партнерка во реалити серијата на Нетфликс, „Јас сум Георгина“, чија втора сезона ќе ја има промоцијата во март.
Таа во новите епизоди раскажува како реагирал нејзиниот сакан по финалето на Светското првенство и победата на Аргентина и Лео Меси. Зборовите на Георгина ги цитира полскиот сајт „pomponik.pl“, повикувајќи се на шпански „АС“.
„Тој го грабна џојстикот од „Плејстејшн“ од рацете на Кристијано Џуниор, седна и играше против Аргентина со Португалија до следното утро. Сите натпревари ги добиваше со пет или повеќе голови разлика“, откри Георгина.
Ударот за Кристијано Роналдо бил огромен откако неговиот голем ривал со Аргентина ја освои светската титула, а Португалија рано си замина дома. Тој не одлета со авионот на националнот тим во ЛЧисабон, туку остана на одмор во Доха со некои од соиграчите.
Многумина ќе бидат изненадени од одлуката на Георгина да открие такви интимни и компромитирачки информации за Кристијано Роналдо.