Top Sport

Пелистер убедлив на гостувањето кај Работнички

Кошаркарите на Пелистер вторпат оваа сезона беа подобри од најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички, и славеа со 79:88.

Во еден момент битолчани имаат позитива и од 17 поени, а Работнички успеа да намали до два поени негатива (64:66). Сепак, на крајот Пелистер успеа да ја добие битката.

Карпентер со 30 поени беше најефикасен во победничкиот тим на Пелистер. Кај Работнички, Малешевиќ постигна 20 поени, а Форте натпреварот го заврши со 19 поени.

Scroll to Top