Фудбалскиот клуб Јувентус се соочува со нова казна, поради која може да заврши во Серија Б. Пред две недели, поради финансиски малверзации, на Јувентус му беа одземени 15 бода.
„Обвинителот на Фудбалскиот сојуз на Италија ќе побара Јувентус да биде казнет со одземање на најмалку 20 поени за измама околу исплата на плати на играчите за време на пандемијата на коронавирус, случај кој се смета за многу посериозно прекршување на правилата од користење на лажен капитал во финансиските книги. Доколку се случи ова и на Јувентус покрај веќе одземените 15 бода, му бидат одземени уште 20, клубот ќе падне на последното место во Серија А“, пишува „Кориере дело Спорт“.
Јувентус до пред две недели се бореше за Скудетото, а како сега стојат работите ќе се бори за опстанок.
Доколку Јувентус биде казнет со одземање 20 бода, по 20. коло би имал само три бода и би паднал на последното место на табелата, би бил 10 бода оддалечен од безбедната зона.