Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Нексе со 29:25 во вториот меч од групата А во СЕХА лигата. Битолскиот тим со неколку повредени играчи не можеше да му се спротистави на разиграниот состав од Нашице, кој на полувремето обезбеди водство од 15:12.
Иван Сршен со шест гола беше најефикасен во тимот на Нексе, а го следеа Лука Мославац и Фахрудин Мелиќ со по четири гола.
Мирко Радовиќ со пет гола се истакна во тимот на Еурофарм Пелистер, а Ненад Костески постигна четири гола.
Фото: СЕХА