Top Sport

Дали Мејсон Гринвуд ќе се врати во тимот на Манчестер Јунајтед?

Дали Мејсон Гринвуд ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед? Ова прашање многумина го поставуваат откако претходно во текот на денот стана јасно дека сите обвиненија против фудбалерот се отфрлени и тој сега е на слобода.

21-годишниот напаѓач помина точно една година надвор од терените, откако обвинителството го обвини за напад, обид за силување и контролирано и принудно однесување кон неговата поранешна девојка.

„Манчестер Јунајтед е свесен за одлуката на Кралското обвинителство дека сите обвиненија против Мејсон Гринвуд се отфрлени. Клубот сега ќе направи своја анализа пред да одлучи за следните чекори. Нема да има дополнителни коментари од наша страна додека не заврши овој процес“, соопштија од клубот.

Младиот играч на Манчестер Јунајтед го одигра својот последен натпревар за „црвените ѓаволи“ на 22 јануари 2022 година, а беше уапсен неколку дена подоцна. Манчестер Јунајтед веднаш го исфрли од тимот, а потоа, кога Гринвуд беше надвор со кауција, одби да го прими во својата тренинг база.

Од официјалните информации на полицијата денеска стана јасно дека клучните сведоци во случајот ги повлекле изјавите.

Scroll to Top