Поранешниот тренер на РК Вардар, Шпанецот Раул Гонзалес, ја продолжи соработката со ПСЖ. Тој стави потпис на нов договор до јуни 2025 година.
„Гордост ми е што можам да ја продолжам рабоатата што ја почнав во 2018 година и што ќе можам да имам влијание на иднината на клубот уште две сезони. Мојата амбиција е нашиот тим да настапува на највисоко национално и континентално ниво, да имаме одлични моменти со навивачите и да го збогатам нашиот рекорд на достигнувања“, изјави Раул Гонзалес на презентацијата за новата соработка.
Шпанскиот стратег дојде во ПСЖ во 2018 година.