Top Sport

Катастрофа на Ливерпул во Вулверхемптон, Јунајтед го победи Кристал Палас

Пет натпревари се одиграа во Премиер лигата, во рамките на 22.коло. Ливерпул продолжува со лошата серија на резултати бидејќи претрпе пораз од 3:0 кај Вулверхемптон. Манчестер јунајтед го победи Кристал Палас со 2:1 на „Олд Трафорд“.

Лошо, лошо, многу лошо. Вака изгледа сезоната на Ливерпул, а излез од кризата нема. Не само што тимот на Јирген Клоп претрпе уште еден пораз од Вулверхемптон, туку и перформансите се далеку под нивото на кое „црвените“ не навикнаа во последните многу години.

Практично се беше готово за 12 минути. Најпрво во петтата минута Џоел Матип си постигна автогол, по ударот на Хванг. а само седум минути подоцна, Досон го удвои водството. Конечниот резултат го пистави Рубен Невеш во 71.минута.

Манчестер јунајтед до 70. минута апсолутно ја контролираше играта на „Олд Трафорд“, а потворно блескаше Маркус Рашфорд. По неговиот удар Јунајед добија пеал кој го реализираше Бруно Фернандеш, а потоа и самио постигна гол. Тоа беше негов шести на последните седум првенствени натпревари.

А потоа, во 70. минута, општа тепачка, по која Касемиро го извлече најдебелиот крај. По прегледувањето на снимката, беше откриено дека Бразилецот заслужи црвен картон. Шест минути подоцна Шлуп, го постави конечниот резултат 2:1.

Најмногу голови и возбудувања иамше на Вила Парк. Астон Вила водеше двапати во првото полувреме. Прво со голот на Воткинс во деветтата минута. Лестер израмни преку Медисон во 12. минута, но 20 минути подоцна Вила поведе со автоголот на Сутар во 32. по ударот на Воткинс. Но, до полувремето, Лестер направи пресврт со головите на Ихеначо во 41. минута и Тете во втората минута од судиското надополнување.

Во вториот немаше толку многу возбудувања. Во 72. минута Кутињо постигна гол за 3:3, но истиот беше поништен поради офсајд. А потоа во 79. минута Прат постигна уште еден гол за Лестер за 4:2 и им донесе победа на „Лисиците“, прва по паузата за Светското првенство и пет првенствени натпревари.

Брентфорд убедливо со 3:0 го совлада Саутемптон со головите на Мие, Ембом и Џенсен.

Додека Брајтон отпорот на Борнмаут го скрши во 87.минута со брилијантниот гол на Митома.

Scroll to Top