Top Sport

Дортмунд и Бохум пукнаа петарди, Унион повторно се лидери во Бундеслигата

Унион Берлин ја продолжи победничката низа, Дортмунд и Бохун пукнаа петарди во мрежите на своите противници, Ајнтрахт рутински славеше, а Лајпциг не успеа да победи во Келн.

Унион Берлин, барем до утре повторно ќе биде лидер во Бундеслигата. Во 19.коло, Берлин славеше со 2:1 над Мајнц.

Екипата од германската престолнина има 39 бода, два повеќе од Баерн Минхен, кој има натпревар помалку и Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ во ова коло го декласираа Фрајбург со 5:1. Гостите натпреварот го завршија со двајца играчи помалку. Третиот гол за Борусија го постигна Себастијан Але.

Петарда пукна и Бохум против Хофенхајм. Бохум славеа со 5:2. Ајнтрахт испорача три гола во мрежата на Херта, а Келн и Лајпциг одиграа натпревар без постигнат гол.

Scroll to Top