Реал Мадрид оваа седмица ќе има обврски на Светското клупско првенство, а Карло Анчелоти има големи кадровски проблеми. Карим Бензема и Едер Милитао се надвор од терените од минатата недела, а им се приклучија Тибо Куртоа и Еден Азар, кој ја заработи 18. повреда откако пристигна во Мадрид.
Освен споменатите четворица, претходно се повредија и Ферлан Менди и Лукас Васкез.
Реал Мадрид во полуфиналето в среда од 20 часот ќе се сретне со Ал Ахли, а ден претходно во второто полуфинале ќе играат Фламенго и Ал-Хилал.
Финалето е закажано за в сабота од 20 часот.